Почетна / Градина / Вести / Екстракт кој го забавува развојот на клетките на ракот кај рак на дојка

Екстракт кој го забавува развојот на клетките на ракот кај рак на дојка

Американските научници успеajа да создадат екстракт од зеленчук, кој е корисен во борбата против ракот на дојка.

Со своето влијание врз клетките тие можат да имаат силно спротивставување против подмолната болест од која страдаат и умираат многу жени во светот.

За лекување на ракот на дојка помага екстракт од зеленчук. Новиот лек содржи екстракт од зелка, брокула и карфиол.

Тимот од научници од Флорида САД, се на мислење дека новоформираната комбинација од зеленчук се очекува да биде многу ефикасна во борбата против болеста, и да го спаси животот на многу жени во светот.

Од овие три зеленчуци, зелката е во состојба да го спречи, не само ракот на дојка, но и на другите видови од смртоносната болест. Хранливите материи содржани во екстрактот од трите зеленчуци, се апсорбираат целосно од организмот и успеваат да влијаат врз клетките на ракот и го запираат процесот на нивниот раст, пренесува лечител.

Научниците го создале лекот и се надеваат тој да биде пуштен во продажба до пет години и да биде на располагање на сите жени во светот. Зелката содржи микроелементи – калиум, манган, фосфор, железо магнезиум, бакар, калиум јодит, органски киселини и фитонциди. Од витамините присутни се Ц, РР, Б1, Б2, Б3 и Б6.

Екстрактот од зеленчук, кој помага за лекување на ракот на дојка е одобрен од страна на меѓународната заедница за борба против подмолната болест.

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …