25.04.2024
Почетна / Градина / Еко акција-да растеме заедно

Еко акција-да растеме заедно

Градинарскиот центар ФОЈА во соработка со невладината организација “Коалиција боите на животот” и здружението “Звездички-art of living”, во сабота 21 април, со почеток во 12 часот, организираат еколошка акција по мотото “Да растеме заедно“.

Идејата е да се промовира заштитата на животната средина, да се иницира партиципација на младите во еколошките активности од најрана возраст, да се создаде љубов кон растенијата и природата, како животен стил, и начин на живеење.

Акцијата се одржува традиционално секоја година. На неа присуствуваат љубителите на растенијата и здравата животната средина, заедно со своите најблиски. Се садат семиња, фиданчиња, се едуцира за многу теми поврзани со растенијата и нивната улога во нашата средина.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …