Почетна / Градина / Вести / Егзакум (Exacum)

Егзакум (Exacum)

Екзакумот (Exacum) потекнува од фамилијата на „Gentianaceae“. Овие цвеќиња потекнуваат од тропска Африка и Азија.

Тие се повеќегодишни цвеќиња, што на височина достигнуваат до околу 30 см. Листовите се во форма на срце, сјајни и околу 2.5 см долги.

Цветаат преку летото и есента со многу нежни цветови, со по 5 венчеливчиња и дијаметар околу 1 см. Обагрени се во бела, розова, сина, а центарот на цветот е жолт. Цветовите имаат многу нежен и пријатен мирис.

Во активниот период на овие цвеќиња потребно е да се обезбеди место со температура од околу 20 – 25 степени. Во текот на зимата растенијата можат да издржат до неколку степени под нулата. Во однос на светлината, Екзакумот сака многу светло, па најдобро е да биде поставен на сончева страна.

Во жешките летни денови потребно е да се наводнува почесто и бара постигнување на оптимална воздушна влажност. Најдобро е да ја ставите саксијата со растението над некој сад со вода. На овој начин испарувањето се вода ќе обезбеди оптимална влажност.

Почвата треба да биде богата со хранливи материи, составена од еднакви делови чимовка, добро угниено ѓубриво и песок. Бара и добра дренажа за од саксијата да истекува вишокот на вода. Во текот на летото најдобро е да се прихранува секоја недела течно ѓубриво за лист – украсни растенија.

Се размножува најдобро со семе кое се сее во февруари. Во текот на летото Екзакумата може да се размножува од стеблени резници. Вкоренувањето може да биде за околу 2-3 недели.

Види

Конзумирањето праски и сливи штитат од прекумерна тежина

Праскиte (особено нектарините) имаат биоактивни состојки, кои можат да нe заштитат од прекумерната тежина и …