28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Ефикасна природна козметика за коса

Ефикасна природна козметика за коса

Косата е венецот на убавината на секој човек. Како да се грижиме за косата? Може ли народната козметика да ни помогне во оваа задача?

Ако косата е сува

Избегнувајте да ја миете често. Пред да ја измиете, пак, масирајте го внимателно коренот на косата со масло од растително потекло, на пример рициново или авокадо. Потоа за часа избришете ја косата со крпа. Може да ја масирате и масло од репа масло.

40 г свежи мелени корени од репа се ставаат во 100 грама маслиново масло и се оставаат да остојат 24 часа, а потоа смесата ставете ја на слаб оган за 15 минути и прецедете ја. Репата го помага растот и ја отстранува сувоста и првутот. Еве и една маска за сува коса: Загрејте 1 жолчка, 1 лажица маслиново масло, бадемово масло, 1 ампула витамин А, лажица мед. Нанесете ја врз косата и оставете ја да отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода. Маската за коса се прави еднаш неделно.

Ако косата е мрсна

Подгответе си го следниов лосион со кој ќе ја намачкате косата еден час пред миење:

Лосион од мајчина душица: се подготвува од 2 лажици исушена мајчина душица, ставена во 200 мл. врела вода и оставена да кисне 1 час. Потоа истата се прецедува.

Лушпа од брезови лисја: во 1 л вода се ставаат да вријат 15 мин 20г. листови од бреза. Потоа се остава да се излади, се прецедува и со неа се масира коренот на косата. Потоа се исплакнува со мешавина од сушена камилица – при руса коса, а кај темна – со мешавина од зелени лушпи од ореви. Постапката се повторува 3-4 пати неделно.

Маска за коса со невен: Косата претходно се мие и се премачкува со запарка од суви невенови бои. Се остава врз главата 20 минути. Запарката се подготвува на следниот начин: 2 лажици истолчечни цветови, киснат во две чаши зовриена вода 2 часа и потоа се прецедува. Се применува 2 пати неделно во период од 1 месец.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …