28.03.2024
Почетна / Градина / Ефедра (Ephedra distachya L.)

Ефедра (Ephedra distachya L.)

Ефедрата расте низ песочни и суви каменливи места. Корисен дел се надземните делови, кои се собираат во периодот на цветањето од мај до јуни. Се сушат на сенка или во машина за сушење на температура од 45 ° С.

Во својот хемиски состав содржат алколоиди, тен супстанции, флобафени, смолести материи и др. Растението го зголемува крвниот притисок, ја разлабува бронхијалната мускулатура.

Се користи при силна иритација кашлица кај децата (особено ноќе), кај бронхијалната астма и спастичен бронхитис, при ноќно мокрење, при низок крвен притисок. Ја отстранува поспаноста. Се користи и како антиалергик.

Околу 1 лажичка ситно исечкана билка се попарува со 300 мл врела вода. Потребно е така да отстои 1 час. Се прецедува и се пие по 50 мл, 3 пати на ден. Во медицинската пракса се користи чистиот ефедрин на лекарски рецепт.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …