Почетна / Градина / Eдно од најчестите растенија за домот – Бенџамин (Ficus benjamina)

Eдно од најчестите растенија за домот – Бенџамин (Ficus benjamina)

Бенџаминот (Ficus benjamina) е едно од најчестите растенија за домот. Може да го видиме насекаде во домовите и канцелариите, до излозите на продавниците.

Бенџаминот расте како дрво со овални сјајни листови.

Во нашата земја е типично домашно растение, но во топлите места се развива одлично и надвор. Може да растат доста големи ако му се обезбеди соодветна саксија, но потребна е добра дренажа.

Може да расте заедно со други растенија во саксија. Нај популарни се видовите:

  • „Golden King“ – каде рабовите на лисјата се жолтеникави.
  • „Midnight Lady“ – со темно зелени листови.
  • „Naomi“ – со темно зелени листови.
  • „Samantha“ – со темно зелени листови и светло зелени рабови на листовите.
  • „Starlight“ – имаат бело на работ на лисјата.

Се наводнува само кога горната почва е сува на допир. Ако Бенџаминот е во саксија во домот, треба да се зголеми влажноста на воздухот во зима. Најлесен начин е да ставите сад со вода на радијаторите и често да ги пулверизирате лисјата со млака вода. Уште подобро решение е ако ја ставите саксијата во поголем сад полн со камчиња и вода. На овој начин водата испарува и листовите ја добиваат потребната влага. Но треба да се внимава коренот да не биде постојано во вода, бидејќи може да изгние.

Види

Поинсетија (Euphorbia pulcherrima)

Поинсетијата (Euphorbia pulcherrima) се смета како едно од најпопуларните цвеќиња, особено за време околу божиќните …