18.08.2022
Почетна / Градина / Животни / Една година по поплавите во Синѓелиќ: сточарите сеуште без стада, а земјоделците без земјиште

Една година по поплавите во Синѓелиќ: сточарите сеуште без стада, а земјоделците без земјиште

Пред една година, за да се стигне до шталата на Камер Имери од Арачиново, потребен беше чамец поради тоа што длабочината на водата во ова зона достигнуваше и до 2 метри.

Во минатогодишните поплави угинаа 250 овци. Една година подоцна, сточарот Камер Имери, вели дека не добил ниту еден денар на име на обесштетување, пишува ТВ 21.

Десетици други сточари од овие места ја делат истата судбина со Камер Имери. Еден од нив е Африм Абдулаху, кој наместо стадо, денеска има само една крава, неколку кокошки и гулаби. Вели поплавата му ги однела и уништила камионот и фрижидерот.

И земјоделецот Решат Исени има маки. Иако ги има сите документи за штетата од поплавите, тој сепак не добил обесштетување.

Од Агенцијата за ветеринарство велат дека сите оштетени добиле надомест. Сепак, оние кои што ги загубиле своите стада го тврдат спротивното.

Види

Жедна кралска кобра оди кај луѓето за да се напие вода (Видео)

Таквите работи се случуваат кога има многу пролонгирани суши во Индија. Змиите ретко се приближуваат …