Почетна / Градина / Вести / Еден природен лек спасува живот

Еден природен лек спасува живот

Црниот дроб е најголемиот орган на човечкото тело и неговото здравје ја дефинира општата состојба, виталност и енергичност.

Тој има околу 500 функции – преработува 90% од хранливите материи, ја трансформира храната во енергија, ја складира, вади минерали, витамини, јаглехидрати и масни киселини од крвта и ги конвертира во корисни материи, ги отстранува бактериите и отровите од крвта, игра клучна улога за имунолошкиот систем.

Нездравата храна, загадената животна средина, уморот и стресот го преоптоваруваат црниот дроб, што доведува до намалена способност да ги исфрла акумулираните штетни материи. Есента е една од најсоодветните сезони за детоксикација. Резултатите се подобрување на варењето, зголемено чувство за емоционално и физичко здравје, вдлабнат имунолошки систем.

За таа цел се препорачува да го прочистите црниот дроб со чај од глуварче – 2 лажици од коренот варете го околу 5 минути во половина литар вода. Исцедете го чајот и распоредете го на 3 порции. Пијте по една лажица, половина час пред оброкот секој ден во текот на еден месец. Може да си приготвите и комбинирате чај од корени на глуварчето, цикорија и коприва. Измешајте еднакви делови од трите билки. 2 лажици од добиениот микс варете во половина литар вода 5 минути. Потоа оставете да отстои 20 минути и прецедете. Поделете ја напивката на 3 дела и пијте пред оброкот наутро, напладне и навечер.

Свежо исцеден сок од цвекло исто така ги чисти токсините од црниот дроб, жолчното кесе и слезината. Започнете со 50 мл во комбинација со 250 мл сок од моркови.
Постепено количината на цвеклото се зголемува до 150 ml.

Пред употреба консултирајте се со Лекар

Види

Најголемиот рак во светот „Astacopsis gouldi“

Реките во Тасманија, се дом на најголемиот слатководен вид рак во светот. Латинското име му …