01.12.2023
Почетна / Градина / Дуњата е симбол на среќата и љубовта – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата е симбол на среќата и љубовта – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 до 6 m. Распространета е во Азија и Европа.

Дуњата е овошје кое било обожавано од старите Грци, бидејќи според грчката митологија дуњата симболизира љубов и среќа.

Римјаните ја користеле за добивање на етерични масла кои се основен ресурс за производство во парфимериите.

За оние што не знаат, дуњата претставува витаминска бомба. Освен со минерали и големи количества масти, таа е богата и со протеини, јагленохидрати, диетални влакна, но содржи и многу танински материјали и пектини

Според енергетската и нутритивна вредност во 100гр дуња има само 60 калории, а богата е со растителни влакна, таа е добар извор на железо, калиум и бакар. Содржи и многу танински материи.

Дуњата е богат извор на витамин Ц, а доколку изедете 100 грама дуња ќе задоволите 25% од дневните потреби на организмот за овој витамин.

Лековити се плодовите, листот и семето, а од плодот особено сокот и сирупот.

Во својот состав има и бета каротен и слуз.
Во Македонија во 2016 година биле произведени 1279 тони дуњи.

Лековити својства на дуњата:

Го помага слабеењето
Го смирува проливот
Ја подмладува и хидратизира кожата
Се користи против акни
Помага при болести на џигерот и очите
Корисна е за болести на цревата и желудникот
Помага при анемија
Го намалува стресот
Нејзините семки штитат од рак

Види

Завршено хортикултурно уредување од Хорти Експерт на приватна куќа во централното скопско јадро

Враќањето на природата во градот, иако не е нова идеја, тоа е сè поголем императив …