Почетна / Градина / Дуњата е симбол на љубовта и среќата – Оваа витаминска бомба има и многу лековити својства

Дуњата е симбол на љубовта и среќата – Оваа витаминска бомба има и многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 до 6 m. Распространета е во Азија и Европа.

Дуњата е овошје кое било обожавано од старите Грци, бидејќи според грчката митологија дуњата симболизира љубов и среќа.

Римјаните ја користеле за добивање на етерични масла кои се основен ресурс за производство во парфимериите.

За оние што не знаат, дуњата претставува витаминска бомба. Освен со минерали и големи количества масти, таа е богата и со протеини, јагленохидрати, диетални влакна, но содржи и многу танински материјали и пектини

Според енергетската и нутритивна вредност во 100гр дуња има само 60 калории, а богата е со растителни влакна, таа е добар извор на железо, калиум и бакар. Содржи и многу танински материи.

Дуњата е богат извор на витамин Ц, а доколку изедете 100 грама дуња ќе задоволите 25% од дневните потреби на организмот за овој витамин.

Лековити се плодовите, листот и семето, а од плодот особено сокот и сирупот.

Во својот состав има и бета каротен и слуз.
Во Македонија во 2016 година биле произведени 1279 тони дуњи.

Лековити својства на дуњата:

Го помага слабеењето
Го смирува проливот
Ја подмладува и хидратизира кожата
Се користи против акни
Помага при болести на џигерот и очите
Корисна е за болести на цревата и желудникот
Помага при анемија
Го намалува стресот
Нејзините семки штитат од рак

Види

Систем за мал простор: Многу од вас ќе посакаат ваква капија

Доколку имате мал простор и секогаш се мачите да ја отворите вратата лесно и широко, …