Почетна / Градина / Вести / Дрвото на Буда е старо 2500 години и сеуште е здраво

Дрвото на Буда е старо 2500 години и сеуште е здраво

Буда добил духовно просветлување под дрвото Бодхи, што е старо 2 500 години, пренесуваат медиумите во Индија. Будистите го нарекуваат дрвото на познанието “Бодхи”.

Првично дрвото го носи името „Папата“, но подоцна е сменето. Бодхи е термин кој доаѓа од јазиците пали и санскрит и значи просветлување, па затоа дрвото е крстено така.

Се смета дека таму Буда добил просветлување.

Зборот Буда станало титула на првото духовно суштество. Дрвото Бодхи е цврсто и е света смоква од видот „Ficus religiosa“. Бодхи се наоѓа во источниот дел на индиската држава Бихари, која се наоѓа на околу 100 километри од административниот центар Патна.

Индиски научници од Институтот за истражување на шумите во државата Утаранчил велат дека дрвото е целосно здраво и плочите од камен и цемент кои се наоѓале во близина се отстранети, за да не го попречуваат неговиот развој.

Зад дрвото на Буда е изграден храм пред 1 500 години. Ова место го посетуваат многу туристи секоја година.

Види

Есенско сузбивање на плевели

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни …