24.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Дрен (Cornus mas L.)

Дрен (Cornus mas L.)

Дренот го имаме низ целата земја. Тој расте во грмушките и листопадните шуми до 1300 метри надморска височина. Корисен дел се плодовите кои се собираат откако целосно ќе созреат. Се сушат во машина за сушење со постепено зголемување на температурата до 80° С.

Во својот хемиски состав содржи шеќери, петкин, витамин Ц, органски киселини, танини, багрилни супстанции и др. Плодовите, без разлика дали се варени или сурови, дејствуваат одлично при дијареа.

Лушпата од плодовите поседува противомикробно дејство спрема различни бактерии кои предизвикуваат гастроинтестинални инфекции.Екстракти од овошјето и кората на младите гранчиња ја намалуваат телесната температура.

Околу 1 лажица плодови од дрен се варат во текот на 5 минути во 300 мл вода. Се пие по 1 чашка пред јадење 3 пати на ден, при диарични состојби.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …