01.12.2023
Почетна / Градина / Доматите кои растат на дрво

Доматите кои растат на дрво

Доматот „Октопод“ стана вистински благодет за оние градинари кои сакаат да експериментираат. Ова е многу необичен хибрид со голема енергија и раст на дрво.

Тоа дрво може да расте, ако се сака да се одгледуваат домати подолго време – до 1,5 година. Експертите велат дека ако технички сте комплетно опремени, можете да одите напред со одгледување на домати кои можат да бидат незаборавно искуство.

Круната на дрвото може да зафати и до 40-50 метри квадратни површина.

Првите 7-8 месеци ова дрво не дава домати, а овој хибрид се карактеризира со неограничен раст и отпорност на болести. Секое доматче тежи со тежина од 160 грама. За долгорочен раст се препорачува коиристење на хидропоничен метод, а температура не треба да падне под 18 степени во зима и во лето не повеќе од 25 степени.

Еве неколку важни аспекти кои може да се разгледаат за одгледување на овој хибрид домати. Обидете се да го посеете семето во садници што е можно поскоро – во јануари или почетокот од февруари. Обезбедете надворешен простор каде корените ќе се формираат побрзо, а со тоа побрзо ќе се развие и стеблото на дрвото.

Обезбедете висина од 3,5 метри. Потребно е активно хранење на вашето домашно милениче, бидејќи доматите „Октопод“ се растенија кои бараат приближен состав од минерални соли: амониум нитрат – 200 г, калиум нитрат – 500 г супер фосфат – 550 g, магнезиум сулфат – 300 g, железо цитрат – 9 g, борна киселина – 3 g, манган сулфат – 2 g, цинк сулфат – 0,2 g, бакар сулфат – 0,2 g (на 1000 литри вода).

Види

Завршено хортикултурно уредување од Хорти Експерт на приватна куќа во централното скопско јадро

Враќањето на природата во градот, иако не е нова идеја, тоа е сè поголем императив …