Почетна / Градина / Вести / Домати за плодовитост на мажот

Домати за плодовитост на мажот

Доматите се корисни за мажите, покажува ново истражување.

Антиоксидантот ликопен, кој се содржи во доматите и им дава црвената боја, ја подобрува оплодителната способност на мажот, велат научниците.

Експерти од Универзитетот во Портсмут, Велика Британија, гледале шест здрави мажи, кои консумирале доматен крем (супа) секој ден во текот на две недели.

Резултатите се покажаа исклучително охрабрувачки.

Тие покажале дека нивото на ликопен во спермата им било зголемено, пишува ezine.bg.

Установено е дека антиоксидантот ликопен ги штити ДНК-молекулите од дејството на слободните радикали, кои можат да ја оштетат спермата. Потребни се сепак повеќе темелни истражувања за тоа дали самите полови клетки можат да се справат со радикалите со помош на предметната материја.

Иако добиените резултати не се категорични супата од домати и салатата од црвени домати ја зголемува машката самодоверба. Тоа, според експертите игра и клучна улога за подобрување на оплодителните способности на мажите.

Види

Вкупниот број на говеда е намален за 15.0% во нашата земја

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, во споредба со 2018, вкупниот …