Почетна / Градина / Вести / Домашен Мини Аквапоник Систем

Домашен Мини Аквапоник Систем

Во време на криза повеќето луѓе не обрнуваат внимание од каде доаѓа или како е произведена нивната храна. Она што на повеќето луѓе им е битно е цената и да го има во доволна коичина.

Мини аквапоник сетот е еден од обидите да се едуцираат луѓето за здравата храна и да им посочат како истата може да се произведи со помош на еден мошне иновативен и еколошки прифатлив начин.

Овој мини аквапоник сет се состои од аквариумску дел кој го зазема поголемиот дел од овој сет додека на врвот се сместени самите растенија.

Во приницип нема некое ограничување во смисла на каков тип на растенија можи да се посадат, така да речиси се што може да вирее во саксија може да биде дел од овој сет.

Иако од сликата се добива некоја идеја за функционирањето еве накусо како функционира мини аквапоник сетот. Прво се храни рибата која ја обработува храната. Изметот кој рибата го ствара се меша со водата и преку цевката поставена насредина се носи до растенијата кои го апсорбираат додека чистата вода се враќа назад во рибниот резервоар. И така тој циклус се повторува одново и одново се додека растението или рибата се спремни за јадење или за друга употреба. Се разбира под претпоставка дека не се работи за украсна рипка или некое долговечно цвеќе кое е таму за естетика.

Идејата за креирање на еден ваков сет доаѓа од компанија формирана во 2009 година од страна на Александро Велез и Ники Арора – поранешни студенти на познатиот Беркли Универзитет. Одкога добиле инспирација на едно предавање прво започнале со одгледување на печурки за јадење во остатоци од наслаги од кафе.

Следно што започнале е бизнисот со мини аквапоник сетовите за кој им требале поголеми средства. За таа цел тие со помош на crowdfunding ги собраа потребните средства за старт и развој на мини аквапоник сетот. Тоа го направија со помош на кампањата која ја започнаа преку crowdfunding страната kickstarter.com. За месец дена тие ги собраа потребните средства за развој на нивниот производ – мини аквапоник сет.

Извор: енергетска ефикасност

Види

Црнотo јаболко со вкус посладок од мед и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко

“Црнотo јаболко” е ретко јаболко со црна боја, со вкус посладок од мед, и сочност …