Почетна / Градина / Дојдоа раскошните хризантеми и љубичици

Дојдоа раскошните хризантеми и љубичици

Со есента и првите дождови, дојдоа и раскошните Хризантеми и Љубичици кои ќе ги разубават вашите градини и тераси.

Во Градинарскиот центар Фоја, можете да одберете различни вариетети од овие видови, во различни бои и големини по цена од само 80 до 200 ден.

Градините со хризантеми се многу популарни, бидејќи секоја есен тие ја исполнуваат градината со раскошна бојни “топки”, заменувајќи ги годишните растенија и обезбедувајќи шарени слики до првите големи мразови. Во градината хризантемите може да се комбинираат и со рудбекија, ехинацеја, седум, астро. Во вазна хризантемите може да издржат околу две недели. Кога купувате хризантеми, избегнувајте ги оние со жолти или кафени листови, бидејќи најверојатно тие немаат добиено доволно вода до сега или биле во саксија премногу долго.

Видовите на љубичиците обично имаат лисја во форма на срце, а постојат и видови со сложени, или со лисја со друга форма. Повеќе видови на љубичици се зелјести билки. Лисјето се наизменични. Постојат повеќе видови на љубичица со цветови во разни комбинации на бои или еднобојни, високи околу 15-20 cm.

 

Види

За малку скриена во лисјата ќе го каснеше змија: Можете ли вие да ја пронајдете?

Во овие лисја се крие змија: Можете ли да ја пронајдете?