14.06.2024
Почетна / Градина / Вести / Доаѓа нова тура на дождови од Атлантикот – Овој пат снег на високите планини, а температурите ќе бидат пониски!

Доаѓа нова тура на дождови од Атлантикот – Овој пат снег на високите планини, а температурите ќе бидат пониски!

По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од утре и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атланиток, кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели и проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец, пишува Метеоларм.

Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег. Снежната граница ќе се наоѓа од 2000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2000 метри.

Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени.

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.

Види

Што да направите ако лисјата на вашето растение пожолтуваат?!

Секој кој чува растенија дома знае дека тоа бара одредена грижа. Како и да е, …