19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / До крајот на летото земјоделците ќе добијат 50% поевтина нафта

До крајот на летото земјоделците ќе добијат 50% поевтина нафта

Земјоделците ќе добијат 50% поевтина нафта – популарно наречена зелена нафта. Првичните проценки се дека до крајот на летото реално ќе почне да функционира оваа мерка.

Долго очекуваната мерка за субвенционрање на трошоците на земјоделците -Зелената нафта која ќе донесе 50% поефтин дизел за земјоделците се проценува дека ќе почне да се точи од средината на 2018 година.. Законските измени со кој ќе се овозможи воведување зелена нафта за земјоделството сега објавени на интернет страницата енер.гов.мк каде што во следните две недели секој може да остави свој предлог и коментар.

По ова законската измена оди во владина па во собраниска процедура каде по регуларен пат би се донела за околу два месеци. Како што сега е скроен законот за зелена нафта предвидува секој земјоделец да добие електронска картичка, нешто слично на платежните картички кои што ги издаваат банките и со неа да може за одредената сума да купи нафта на бензинска.

Набавката и примената на ваквите картички ќе повлече дополнително време заради што првичните проценки се дека при крајот на летото ќе почна реално да функционира зелената нафта..

Експертите од областа на земјоделска механизација ја поздравуваат одлуката за воведување зелена нафта но сметаат дека е важно да се предивиди точно кои земјоделци колку да добиваат зависно од тоа што обработуваат на своите ниви.

Вкупно за 2018 година за поддршка на зеленат нафта се предвидени околу 5 милиони евра а во зависност од културата која се обработува субвенцијата ќе изнесуваат најмногу по околу 4 илјади денари од хектар.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …