17.02.2025
Почетна / Градина / Вести / Денес (вторник) брз влажен и ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија

Денес (вторник) брз влажен и ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија

Денес (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните и во утринските часови.

Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд, а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.

Што се однесува до температурите, тие денес(вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура денес (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Гинисов рекорд: Кучето со најдолгите уши во светот!

Харбор е кучето кое според Гинисовата книга на рекорди ги има најдолгите Уши. Тие се …