20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Денес во Валандово ќе се одржи настан посветен за користење на нови методи во земјоделието

Денес во Валандово ќе се одржи настан посветен за користење на нови методи во земјоделието

Информативен ден за користење на нови методи во земјоделието ќе се одржи денес во Валандово. Целта на овој настан, е подигање на свеста за зачувување на животната средина и намалување на прекумерното третирање на почвата, преку користење на современи агрометеоролошки станици кои во претходниот период беа инсталирани во општина Валандово.

Во општина Валандово има поставено три агрометеоролошки станици и истите имаат за цел да овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки и да се добиваат правовремени податоци за влажноста и температурата на воздух, правецот и брзината на ветерот, сончевата радијација, влажноста и температурата на почвата, влажноста на листот и прогнозата за болести, кои се неопходни за земјоделецот при управување со земјоделските култури.

Се повикуваат сите земјоделски производители и заинтересирани страни да присуствуваат на настанот и да се запознаат со новите европски практики при практикување замјоделство, кои овозможуваат дополнителна вредност за земјоделецот и поголема заштита на животната околина.

Проектот “Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина” се имплементира од ЦРЈПР во соработка со општина Валандово, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Датум: 16.01.2020 (четврток)
Место: Дом на култура “25 Мај”- Валандово
Време: 12:00 часот

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …