Почетна / Градина / Вести / Дали да одбереме зимзелено или листопадно дрво?

Дали да одбереме зимзелено или листопадно дрво?

Поделбата на дрвјата на листопадни и зимзелени понекогаш ни создава двоумење во однос на тоа што бараме. Секое од нив си има свои предности и недостатоци.

Дрвјата имаат повеќе бенефиции, вклучувајќи:

– Сенка;

– Намалување на температури и ветерот,

– Заштита на почвата

Тие се елемент на вертикален пејзаж.

Сигурно, повеќето би одбрале зимзелено него листопадно. И тоа од повеќе причини. Мислат дека е поиздржливо и поотпорно, дека не му паѓаат лисја, па да треба да го чистат дворот. Но, поискусните градинари, знаат дека листопадните дрвја имаат многу што да покажат, не само во делот на супериорност за сенка, туку и како орнаментални декоративни растенија исто така.

Дрвјата не само што ја разубавуваат нашата градина, туку тие можат со своите карактеристики да ја направите вашата куќа да уживате во неа, овозможувајќи му на сонцето во текот да продре во зимата и да го блокира неговото продирање во летото.

Дрвјата, особено листопадни се природни регулатори на сончевата светлина. Тие се без лисна маса во текот на зимата, дозволувајќи му влез на сонцето, и во текот на летото тие се покриени со зеленило. Доколку е потребно, со грмушки може да се пополнат празнините под дрвјата и да се добие катова структура и да се даде на просторот нова димензија, како со висина, така и со колорит на бои.

Помислата на листопадни дрвја алудира на бојата на листот во текот на есента. И тоа варијации од најубавите и најјаки спектарни бои, жолти, портокалови и црвени.

Автор: „Sempervivum“

Види

Шафран – најскапиот зачин во светот

Шафранот е најскапиот зачин во светот, вреди двапати повеќе од златото. Шафранот помага за здрави …