Почетна / Градина / Да си одгледаме био зеленчук и овошје

Да си одгледаме био зеленчук и овошје

Направете си градина со зачини и зеленчук по ваш вкус, кои ќе внесат многу свежина во вашиот дом, а и ќе ви овозможи да си добивате здравје директно од вашите прсти во секое време.

Авокадо

Авокадото е корисен вид плод кој личи на зеленчук, поради тоа што нема сладок вкус и содржина.

Тој е можеби единствениот вид што содржи вредни за организмот есенцијални масни киселини. Нема апсолутно ништо тешко, да одгледате таков вид дрво дома. Извадете семката на еден плод и ставете еден дел на дното во вода, додека остатокот треба да е надвор од водата.

Целиот процес за ‘ртење е бавен, но по некое време ќе забележите како од костилката-семката излегуваат мали коренчиња, а потоа и од врвот – стебло.

Кога дрвцето ќе достигне 20 см должина, време е да го засадите во саксија, а пред тоа да ги оскубете горните ливчиња. Не грижете се, тоа ќе го стимулира дрвцето да израсне побрзо.

Ѓумбир

Корисно интересно, мириснo. Ова може да се каже со малку зборови за ѓумбирот. Ова растение или поточно неговиот корен, се карактеризира со интензивен мирис и специфични квалитети кои дозволуваат да се користи пред се во источната кујна.

За лековити цели е познат фактот дека ги подобрува болките во грлото, има имуностимулирачки својства. Неговото одгледување е исклучително лесно. Растението бара од вас само топлина, вода и по малку сонце.

Садењето не е толку тешко, и најдобро би било ако можете да најдете органски ѓумбир. Сепак може да засадите ѓумбир и од коренче од обичен корен од продавница. Ставете парченце од коренот со врвот нагоре во широка пространа саксија. Се полева обилно и бара трпение. Не е од најбрзо растечките, макар да нема проблеми при одгледувањето.

Види

Десет градинарски дизајни кои ќе ви помогнат да го реконструирате вашиот двор

10 прекрасни градинарски дизајни кои ќе ви помогнат да го реконструирате вашиот двор