Почетна / Градина / Вести / Да го прочистиме телото со ловоров лист

Да го прочистиме телото со ловоров лист

Популарниот зачин ловоров лист може да се користи не само за зачинување на гозби – со него можете да си направите лековита напивка која ќе го прочисти организмот од наталожените токсини и сол.

Зошто треба телото периодично да се прочистува?

Токсините кои се таложат во телото на човек, пречат за правилното функционирање на органите, а тоа значи дека организмот e слаб и е полесно се разболува.

Како да знаете дали ви треба итна детоксикација?

Ако почувствувате постојана тежина во главата или забележувате недостаток на апетит, имате ќеси под очите или се заморувате премногу брзо, најверојатно имате потреба од детоксикацијата на организмот.

Постојат различни билки кои можат да се подготват како напивка за прочистување, но листот од ловорот е меѓу најчесто употребуваните.

Еве што е потребно за да се направи напивката: 5 листови лисја и 300 мл вода.

Како да се подготви: Ставете тенџере со топла вода и почекајте да зоврие. Потоа додадете го зачинот во топла вода и оставете го во топлата вода пет минути. Отстранете ја напивката од плочата за готвење и прецедете. Најдобро е да ја чувате мешавината во термос.

Можно е смесата да предизвика желба за почесто мокрење.

Ако страдате од сериозна болест или никогаш не сте го детоксифицирале телото, консултирајте се со вашиот Лекар!

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …