Почетна / Градина / Д-р Митов: ЧИА е семе што го освојува светот

Д-р Митов: ЧИА е семе што го освојува светот

2) Чиа семето може да помогне во подобра дигестија и во процесот на слабеење

Ова корисно дејство на чиата главно е причинето поради една важна компонента која е присутна во неа во значителни количини: растителните влакна. Во само 28g чиа семе се содржат дури 11g растителни влакна! Тоа е речиси половина од просечните дневни потреби на еден возрасен човек. Поглемиот дел од јаглехидратниот состав на чиата отпаѓа на растителните влакна.

Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта. Сè повеќе студии укажуваат на важноста на здравјето на цревната микрофлора за целокупното здравје на човекот.

Додатно на ова, во врска со слабеењето, растителните влакна примаат доста вода додека се во стомакот, па така помагаат и во продолженото чувство на ситост. Дополнително, храната богата со протеини, како што е чиата, се поврзува со намалени нивоа на хормонот грелин кој се смета за хормон на гладта, или хормон кој ја стимулира гладта.

Една студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition покажува дека зголемениот внес на протеини за само 15% на дневно ниво, може да води до намалување на внесот на калории и помал апетит.

Види

Корисни својства на ацеролата

Ацеролата е малo дрво со мали црвени плодови, слични на црешите. Расте во Јужна Америка, …