Почетна / Градина / Д-р Митов: ЧИА е семе што го освојува светот

Д-р Митов: ЧИА е семе што го освојува светот

1) Може да придонесе за здравјето на кожата и да делува на спречување на хроничното воспаление на организмот

Чиата се смета за една од најбогатите намирници со антиоксиданти. Овие две позитивни својства се директно поврзани со антиоксидативното дејство на чиа семето. Антиоксидантите се ,,борат” со слободните радикали кои постојано се создаваат во телото, а можат да предизвикаат оштетувања на клетките или оксидативен стрес.

Ваквото дејство може да биде корисно за здравјето на кожата. Но, поважно е дека може да придонесе за намалување и превенција на хроничните инфламаторни процеси во телото. Ваквите процеси водат кон повеќето добро познати хронични заболувања (дијабет, рак, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза итн). Некои животни навики, како јадењето на нездрава храна, пушењето, неактивноста и други, го забрзуваат овој процес. Од друга страна, храната богата со антиоксиданти може да делува позитивно. Таква храна дефинитивно е и чиа семето.

Една студија спроведена на 20 пациенти со дијабет траела 3 месеци и во текот на тој период испитаниците консумирале 40g чиа семе, дневно. Ваквата група го намалила т.н. воспалителни маркери за дури 40% во однос на испитаната контролна група. Вакво антивоспалително дејство покажуваат и други бројни студии.

Види

Корисни својства на ацеролата

Ацеролата е малo дрво со мали црвени плодови, слични на црешите. Расте во Јужна Америка, …