Почетна / Градина / Вести / Д-р Бибан: Тоа што се повеќе луѓе кашлаат и се гушат, не значи дека тоа е последица на зголемената количина на полен во воздухот…

Д-р Бибан: Тоа што се повеќе луѓе кашлаат и се гушат, не значи дека тоа е последица на зголемената количина на полен во воздухот…

„РАСКАШЛАНА И МРСУЛАВА ПРОЛЕТ…😝

Тоа што се повеќе луѓе кашлаат и се гушат, не значи дека тоа е последица на зголемената количина на полен во воздухот, туку дека е нарушена целокупната еко рамнотежа во животната средина. Поленот е природен производ кој е резултат на природниот процес на цветање на растенијата, а алергијата е последица на атакот на некои хемиски и физички агенси од воздухот врз имунитетниот систем на организмот.

Затоа, лекувањето на алергиите со разни фармацевтски антиалергични препарати нема да даде вистински резултати во заштита на здравјето кај луѓето, туку враќањето на еко рамнотежата во природата ќе резултира со комплетно исчезнување на алергиите од овој вид. Тогаш и поленот нема да претставува никаква закана по здравјето, бидејќи имунитетниот систем ќе се стабилизира и нема да го препознава како непријател на организмот. Луѓето ќе можат природно и опуштено да уживаат во природните феномени на околината, како што е цветањето на растенијата“.

Facebook статус: Д-р Јадранка Бибан

Види

Зошто треба да јадеме спанаќ

Спанаќот (Spinacia) е род на растенија растенија од семејството на ротквица „Amaranthaceae“. Како лист зеленчук …