28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Чувајте ги домашните миленици подалеку од растенијата

Чувајте ги домашните миленици подалеку од растенијата

Кучињата и мачките сакаат да копаат, играат и трчаат. Особено за мачките е интересен моментот кога ќе здогледаат нешто барем малку што им мрда.

Тоа најчесто се стеблата или листовите на растенијата, па затоа понекогаш тие се мета во нивното играње.

Мачките за разлика од кучињата знаат повеќе да направат пакос на домашните растенија, и да откинат делови од растението. Кучињата претежно со нивните опашки неприметно знаат да закачат некое растение и повредат или скршат.

Но, имајте во предвид дека тие не смеат тоа да го прават. Многу од растенијата се отровни, па најчесто се завршува фатално за голем број на домашни миленици. Многу од нив си играат со песокот или земјата во саксијата.

Доколку тоа еднаш се случи, веројатноста за повторно истото да се повтори е голема. Затоа наш совет е да ги покриете саксиите со некој камен или дрвен материјал. Тој материјал ќе ги спречи и почвата да се користи како нивно место за оставање на измет. Садењето на растението во поголемата саксија исто така помалку овозможува играње со нејзината почва. Мачките не сакаат ништо од цитрусната фамилија, поради нивните сензитивни мириси, па можете да одгледувате ваков тип растенија во близина на другите.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …