19.04.2024
Почетна / Градина / Чудото на долговечноста – јадете по едно на ден

Чудото на долговечноста – јадете по едно на ден

Стара поговорка вели “Едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од мене” а таа уште еднаш беше потврдена откако британско истражување покажа дека плодот е скоро толку ефикасен како и апчињата, за превенција од инфаркт и мозочен удар, пишува весникот ” Daily Express “.

Авторите на студијата од Оксфордскиот универзитет пресметале дека ако сите возрасни над 50 години поткаснуваат по едно јаболко дневно, ќе бидат спречени околу 8500 смртни случаи годишно.

За споредба – ако луѓето на иста возраст започнат да прифатат намалување на холестеролот, ќе бидат санирани околу 9400 животи годишно.

Истражувањето покажува колку ефикасни можат да бидат мали промени во исхраната, вели шефот на истражувачкиот тим д-р Адам Бригс.

Јаболката одамна се познати како природен извор на антиоксиданси и флавоноиди корисни за здравјето

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …