06.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Чудесниот хлорофил ве одржува млади и здрави

Чудесниот хлорофил ве одржува млади и здрави

Една чаша од овој пијалак може изгледа како обична зелена вода, но токму водата со хлорофил е новиот чудотворен пијалак, кој според научниците има низа предности за здравјето.

Хлорофилот е темнозелен пигмент кој се наоѓа во растенијата и алгите и им ја дава препознатливата зелена боја. Тој исто така е битен за процесот на фотосинтеза, со кој билките ја претвораат сончевата светлина во енергија што може да се искористи.

Хлорофилот има слична молекуларна структура како и хемоглобинот – супстанца која ја прави крвта црвена и која е одговорна за пренос на кислородот во телото. Научниците тврдат дека консумирањето хлорофил разреден со вода, може да го подобри преносот на кислород во организмот и како резултат на тоа да ја зголеми енергијата и да го подобри здравјето, пишува Дејли Мејл.

Хлорофилот е моќен антиоксиданс кој може да ве заштити од тумори, има антисептичко и против воспалително дејство, помага во регулирање на варењето и е одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини. Можеби најубавото кај хлорофилот е што ја прави крвта алкална, а со денешната индустриски произведена храна која ја закиселува крвта и создава токсини во организмот, алкалноста е најпотребна и најбитна.

Хлорофилот во изобилство се наоѓа во зелениот и во листестиот зеленчук, па затоа таквите производи треба во голема мерка да ги вклучите во прехраната, или пак купете течен хлорофил и секојдневно консумирајте по една мала лажичка во чаша вода, два пати дневно во редовни интервали.

Види

Тајната на урдата, која не ја знаеш! Што се случува ако секој ден јадеш од неа?!

Урдата е еден од најстарите прехранбени производи, кој се консумира со огромна желба од луѓето. …