Почетна / Градина / Вести / Чубрика против тахикардија, висок крвен притисок и главоболка

Чубрика против тахикардија, висок крвен притисок и главоболка

Чубриката или чубрица (Satureja) е род на ароматични растенија од фамилијата Усноцветни (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика. Растенијата потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см.

Градинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.

Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.

Таа се користи за намалување на високиот крвен притисок, за смирување на срцето, за запирање на главоболката и друго. Секој од нас го сака мирисот на познатата билка во вкусните јадења, кои приготвувате.

Дали знаете дека, сепак, таа е еден многу ефикасен лек при голем број на болести, која се користи со векови наваму? Таа има уникатна лековита сила и може да го намали високиот крвен притисок, да престане вртоглавицата, да престане главоболката, да се спречи тахикардијата, да се престане со гадење и повраќање и да ве избави од настинка и кашлица.

За таа цел, можете 2 лажици ситно исечкана чубрика да ставите 500 милилитри врела вода. Течноста се остава да отстои за 2 часа, а потоа се цеди низ ситна цедилка. Се конзумира пред јадење, и се пие по 1 винска чаша од чубриковата запарка 3 пати на ден.

Види

Невен – помага при невроза, депресија, артритис и болни панкреас

Дали некогаш сте размислувале за многуте корисни својства на невен? Речиси нема градина каде малите …