24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Чинарот во село Теово, Велес е стар повеќе од 600 години

Чинарот во село Теово, Велес е стар повеќе од 600 години

Неговиот ареал ги опфаќа југоисточните подрачја на Балканскиот полуостров, Мала Азија, Средна Азија и понатаму на исток до Хималаите.

Претставува големо шумско дрво до 40м. високо и до 3м. дебело. Кората се лупи во вид на тенки неправилни лушпи кои опаѓаат со што се добива шарен изглед. Многу често во природните популации во понискиот дел од деблото кората напукнува во вид на подлабоки неправилни мали плочки кое е од траен карактер.

Платанот е светлољубив, топлољубив и хигрофилен вид. Оптимални услови за својот развој наоѓа по крајречните наноси, без оглед на нивниот состав и структура.

Платанот продуцира тврдо дрво кое е слично на буковото и може да најде најразлична примена. Со оглед на неговиот брз растеж, големата продуктивност и скромност кон почвените услови овој вид заслужува да биде одгледуван било во комплекси или линиски насади.

Платанот е често садено дрво на нашите простори. Денес го среќаваме и кај нас речиси секаде. Тоа претставува монументално дрво во Македонија, кое достигнува возраст повеќе стотици години. Јаворот кој подолу на фотографијата можете да го видите, е фотографиран од Градинарскиот центар ФОЈА според претпоставките е засаден пред околу 600-тини години, во селото Теово, Велес.

 

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …