Почетна / Градина / Вести / Четири растенија кои ако ги одгледувате дома, никогаш нема да имате комарци

Четири растенија кои ако ги одгледувате дома, никогаш нема да имате комарци

Ако не ги сакате комарците да ги уништат топлите летни ноќи, тогаш во градината, на балконот или на прозорците засадете ги овие ароматични билки.

Некои од нив може да се користат и во кујната и се разбира, освен комарците, тие ги бркаат и другите инсекти.

Овие 4 билки вреди да ги имате дома ова лето:

Босилек

Најдобрата можна заштита од комарци е босилекот. Но оваа билка може да биде одличен додаток во разни сосови и салати. Билката треба да има доволно сонце и редовно да ги чистите и одржувате листовите. Кога ќе се појават цвеќињата, за жал треба да ги извадите, за да имаат добар вкус листовите.

Нане

Лесно е за одржување и брзо се шири и се препорачува да се насади во саксија, а не директно на земјата. Силниот и освежувачки мирис ќе ги избрка комарците, но и можете да уживате во вкусен леден чај од нане.

Маточина

Расте во форма на грмушка и има скромни барања: успева и на сонце и на сенка. Нејзините листови можат да послужат за чај и да ги бркаат сите инсекти, особено комарците од дворот или терасата.

Лаванда

Освен дека во вашата градина или тераса ќе даде специјален летен изглед, лавандата со мирисот се бори со комарците и другите инсекти. Таа има интензивен вкус, поради кој ова лето ќе можете да уживате во секој момент без инсекти.

Види

Кученце ги пронаоѓа најбесните кучиња за да може да си поспие на нив (Фото)

Ова куче по име Една си има своја рутина, а таа е прилично иста секој …