25.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Чајот од Јоргован е вистински еликсир: Тој лечи реума, депресија и ја прочистува крвта

Чајот од Јоргован е вистински еликсир: Тој лечи реума, депресија и ја прочистува крвта

Јоргованот е растение што потекнува од Балканот, а ова се неговите лековити својства.

Во медицински цели, јоргованот се подготвува како чај, користејќи ги неговите цветови, корен или семе. Се верува дека имаат многу моќно лековито дејство, па дури и се користи за лечење на сериозни болести како што е маларијата.

Ова растение се покажа како ефикасно во олеснување на симптомите на воспаление, треска и висока температура, но исто така и неговата ефикасност е проверена и кај проблемите со варење на храната.

Ова растение, според физиотерапевтите, успешно лечи реума, го чисти црниот дроб и крвта. Позитивниот ефект на чајот од цветот на јоргованот се покажа и при ублажување на симптомите на депресија и нервни проблеми.

Маслото од цветовите е исто така широко познато за ревматски нарушувања. Цветовите од јоргован можат да се јадат сурови, тие се одличен додаток на пролетните салати.

Еве еден од начините за подготовка на чајот од јоргован :

Иситнете ја кората од јоргован или плодот и додадете една лажица во 2 дл вода, оставете да врие и нека отстои еден час.

Во зависност од видот на болеста, пијте од една до три чаши на ден.

Извор: Македонија Денес

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …