Иако не се сродни билки, анисот (Pimpinella anisum) и звездестиот анис (Illicum verum) имаат слични својства. За тоа е заслужен хемискиот елемент анетол, кој се појавува во двете билки и им дава карактеристична арома и лековитост. Анисот веќе со векови се употребува за олеснување на варењето, надуеноста, подригнувањето и гасовите.
Поради способноста на олеснување на грчевите се смета дека може да ги олесни и менструалните болки. Исто така го зголемува излачувањето на соковите во цревата па со тоа ја поттикнува работата на дигестивниот системот.Го подобрува искашлувањето и многу е погоден за лекување на бронхитис, а лекарите овие билки понекогаш ги користат и против астма. Семките анис во народната медицина со векови се користат за олеснуавње на породувањето, поттикнување за создавање мајчино млеко како и за регулирање на менструацијата. Мелените семки анис се мешале со рендан морков за да кај децата не се појават глисти.
Семките анис треба да се здробат непосредно пред употреба за да се ослободат хранливите состојки. Исто на глас е и како афродизијак кој делува и’ на мажите и’ на жените. Од анис се произведуваат алкохолни пијалоци како што се грчкото узо, македонската мастика и францускиот пернод.
Исто така се употребува и за зачинување на леб, колачи и посластици.
Етеричното масло на анис има антибактериски, антифунгални и инсектицидни својства.
Во надворешна употреба неразредено масло се употребува против вошки, како маст за лекување чешање.Звездестиот анис исто така поседува естрогенско влијание, значи предизвикува менструација, го олеснува породувањето и поттикнува излачувањето на мајчиното млеко.
Јапонските и индиските научници откриле дека звездестиот анис благотворно делува против различни видови бактерии и фунги, па може да биде благотворен во борбата против инфекции. За подготовка на чај една лажичка здробени семки анис ставете во шоља вода што врие (за деца само половина лажичка анис). Покријте и оставете да отстои десет минути па исцедете. Доколку го пиете како лек за болести на дишните органи засладете со мед, инаку не. Анисот може да се вари и во млеко. Чајот се пие два до три пати на ден, после јадење.