29.03.2024
Почетна / Градина / Чај и луто пиперче помагаат при високите температури

Чај и луто пиперче помагаат при високите температури

Урбан мит или научен факт: топлите пијалаци помагаат полесно да се поднесат високите температури. Истражувачите тврдат дека потењето е најдобар начин на разладување препорачувајќи топол чај, но и зачинета или лута храна.

Ако се вброите меѓу милионите кои на тропските горештини попрво би се одлучиле за ладен сок или пиво отколку чаша топол чај, размислете повторно: Научниците велат дека вашиот топол напиток ќе ве разлади подобро од било каков леден пијалак.

Експертот за неурологија Питер Meкнаутон на Универзитетот во Кембриџ вели дека конзумирањето на пијалоци, како што се топол чај или вода ја зголемува внатрешната температура на телото, што предизвикува зголемено потење. Нервите во нашата уста и горниот дел од дигестивниот тракт реагираат на топлината на пијалокот стимулирајќи го мозокот на зголемување на потењето. И како што потта испарува од површината на кожата, така ефективно се лади човечкото тело.

Потење ќе започне или ќе се зголеми ако лицето е веќе топло, објаснува Кристофер Гордон од Универзитетот во Сиднеј. Неговата специјалност е терморегулацијата кај луѓето. Иако на луѓето почесто им е топло кога пијат топли пијалоци, но веднаш штом ќе почнат да се потат, ќе им биде подобро, бидејќи ќе се разладат, вели тој.

Потните жлезди се распоредени по површината на кожата. Погусти се во областите на главата, рацете и долниот дел на нозете. Потењето е од суштинско значење за функционирање на нашето тело. Кога на топло нема да се потиме, нашата внатрешна температура би се зголемила, а потребно е само неколку степени повеќе и со тоа ќе дојде до оштетување на мозокот или смрт, објаснува професорот Meкнаутон.

Разладувањети со сок и вода е опасно за бубрезите. Meкнаутон препорачува топол чај – со што се дава предност во однос на кафето, бидејќи не содржи кофеин. Или можеби ова: јадете зачинета храна, чили пиперки на пример, затоа што активната состојка во нив која се нарекува капсаицин и делува на истите рецептори во вашата уста или во горниот дел на дигестивниот тракт кои реагираат на топлина и предизвикуваат потење, објаснува Питер Meкнаутон.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …