20.04.2024
Почетна / Градина / Вести (страна 143)

Вести

Лисиче доби нов РЕПТИЛ маркет каде може да купите секојдневно свежо овошје и зеленчук

Рептил маркети е компанија со традиција од 21 година, компанија која е синоним за најдобра услуга во градот Скопје. Ланец на маркети познати по големиот и квалитетен асортиман по разумни цени, отвори нов маркет во трговскиот центар во населба Лисиче. Граѓаните од населба Лисиче ќе уживаат во топла и искрена …

Повеќе »

Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот

Нов закон за тутун најави премиерот Зоран Заев. Согласно законот, субвенциите ќе се зголемат и наместо 60 денари како сега, ќе изнесуваат 70 или 80 денари, зависно од класата. Целта е, рече Заев, производителите да се мотивираат и поттикнат да добијат подобар квалитет. – Тутунот ќе биде поделен во три …

Повеќе »

АФПЗРР: Производителите на млеко и јајца до 5 ноември да поднесат барања за субвенции

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември годинава, а висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги потсетуваат млекопроизводителите …

Повеќе »

13.580 барања за обесштетување од невреме

Годинава од доцните пролетни мразови беа погодени земјоделските површини во 32 општини. Штети имаше и лани и тоа во 14 општини кога што најмногу настрадаа овошните насади во Ресен. Постапката сѐ уште трае а по проценката на штетите од страна на комисиите, на терен треба да излезе и Бирото за …

Повеќе »

Врбовка – најдобриот природен лек за простата

Еден од најголемите здравствени проблеми со кои мажите се среќаваат се тегобите со простата. Тие можат да бидат со различен карактер, јачина и облик. Речиси секој втор маж постар од 45 години има проблем со простата а голема е веројатноста дека секој ќе се соочи со овој проблем доколку доживее …

Повеќе »

МЗШВ: Се деблокира процесот за исплата на обештетувањата од штетите од временските неприлики во 2016 година

Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, а што беше започнато според одредбите од Законот за заштита и спасување. На овој начин се одблокира процесот за исплата на обештетувањата на земјоделците кои …

Повеќе »

Во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 31.1%, потоа Пелагонискиот со 19.4% итн., додека најмало учество има Североисточниот регион со 3.8%. Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, …

Повеќе »

Овие луѓе веќе се вклучија во проектот “Дотерај го Скопје”

Се поголем број на граѓани од различни генерации и профили се вклучуваат во проектот “Дотерај го Скопје”. Проектот, кој веќе 30 дена се спроведува во сите општини низ градот Скопје, е одлично прифатен од жителите. Хит на неделата е секако Сузана Зафирoва, 64 годишна пензионирана професорка и ликовен уметник, која …

Повеќе »

Од идеја до фарма со јапонски потполошки: Запознајте го младиот агробизнисмен Гоце Трајковски

Младиот Гоце Трајковски од битолско Драгожани е доказ дека кога нешто силно се посакува може и да се реализира. Неговата желба да има сопстевен бизнис се реализирала пред 5 години со отварањето на фарма со јапонски потполошки, пишува Бриф. Пред да започне со овој бизнис, многу читал, се интересирал за …

Повеќе »