20.05.2022
Почетна / Градина / Букет од зачини
Fresh herbs collection isolated on white background

Букет од зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, чорби, сосови, манџи или кога пржите или динстате месо. Најчесто, овој букет се состои од гранчиња целер, гранчиња магдонос, ловоров лист и мајчина душичка. На ова, може да се додадат праз, кромид, лук, морков и други ароматични тревки и зеленчуци.

Букетот од зачини се врзува цврсто со кујнски конец (понекогаш се става во газа) и се става во јадењето кое го подговувате.

Пред крај или кога јадењето ќе биде готово, букетот се вади и се фрла. Букетот е одличен начин да и заврзете сите состојки и зачини кои не планирате да ги употребите во јадењето, туку само сакате да ги искористите нивните вкус и арома. Идеално за бистри супи.

Види

Растението што достигнува раст од 60 метри во текот на една сезона

Кудзу е вид јапонски ползавец, главно употребуван при заштита на земјиштето од ерозија. Може да …