Почетна / Градина / Вести / Бугенвилеа (Bougainvillea)

Бугенвилеа (Bougainvillea)

Бугенвилеја (Bougainvillea) е прекрасно растение кое најчесто се одгледува како паѓачко на балконите.

Се користи и како како ограда поради неговото брзо и долго растење. Има преубави цветови.

За прв пат е класифицирано во 1768год. од францускиот ботаничар Комерсон Филберто. За татковина се смета Јужна Америка и постојат околу 18 видови со висина на раст од еден до дванаесет метри.

Цветаат од 5-6 недели. Цветовите ги има во различни бои и тоа розова, црвена, виолетова, сина, портокалова жолта, бела.

При нивно одгледување треба да се запази тоа дека овие растенија не сакаат затворен простор, туку да сакаат бидат на отворено и да им се овозможи висока влажност особено пред нивното цветање. Не пуштаат големи корени, затоа може да се одгледуваат во саксија, но да им се овозможи добар проток на воздух.

Бараат редовно подкастрување на секои 4-5 недели, за побрзо да се разгранува и добива се поубава форма.

Не трпат мраз и ладно. Почвата треба да биде цедлива, но да задржува влага.

За размножување може да се користат резници зелени или зрели. Може да се користат и лисјата за размножување. Зелените резници, земени пред мај или јуни се вкоренуваат до август, а зрелите бараат три – четири месеци. Се препорачува користење на стеблени резници.

Види

Министрите Николовски и Царовска потпишаа Декларација за подобар статус на руралните жени

По повод денешниот Меѓународен ден на жената од руралната средина, денеска министерот за земјоделство,шумарство и …