17.02.2025
Почетна / Градина / Животни / Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15.6%

Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во споредба со 2015, вкупниот број на говеда е зголемен за 0.5%. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1.3%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 21.8%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2016 година, во споредба со 2015 година, е зголемен за 2.5%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4.3%.

Намалување на бројот на овците е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.7%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 16.2%.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15.6%, а кај деловните субјекти е зголемен за 8.8%.

Бројот на живината во 2016 година, во споредба со 2015 година, е зголемен за 5.9%.

Види

Гинисов рекорд: Кучето со најдолгите уши во светот!

Харбор е кучето кое според Гинисовата книга на рекорди ги има најдолгите Уши. Тие се …