28.03.2024
Почетна / Градина / Бројот на говедата кај деловните субјекти е зголемен за 22.5 %, на овците намален за 19.7 % а бројот на козите намален за 20.7 %

Бројот на говедата кај деловните субјекти е зголемен за 22.5 %, на овците намален за 19.7 % а бројот на козите намален за 20.7 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, во споредба со 2016, вкупниот број на говеда е зголемен за 0.1 %. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 0.5 %, додека бројот на говедата кај деловните субјекти е зголемен за 22.5 %.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2017 година, во споредба со 2016 година, е намален за 4.5 %, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1.6 %.

Зголемување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1.0 %, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 19.7 %.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 6.2 %, а кај деловните субјекти е намален за 20.7 %.

Бројот на живината во 2017 година, во споредба со претходната година, е намален за 1.4 %.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …