Почетна / Градина / Вести / Биофертилизација – Од растителни остатоци до зрел хумус

Биофертилизација – Од растителни остатоци до зрел хумус

Azotobakter vinelandii е слободен азотофиксатор кој го фиксира азотот од воздухот и ги провоцира материите за растење (ауксини, гибералини).

Bacillus megaterium учествува во трансформацијата на фосфорот, ги поттикнува материите за растење и витамин Б12. Значително влијае на ослободување на амонијакот од белковините како што се: албумини, пептони, пептиди и аминокиселини. Арското ѓубриво, растителните и животинските остатоци ги разложува до зрел хумус кој е основа за плодна земја.

Bacillus subtilis ги разложува сложените јаглехидрати (скроб).

Bacillus cirkulans ја продуцира јаглеродната киселина и помага во ослободување на калиумот од алумосиликатот.

Pseudomanas flurescens дејствува на истиот начин како Bacillus megaterium, а најважната улога ја има во процесите на асимилационата денитрификација. Тогаш ги користи нитратите како асимилативи и ги трансформира во амонијачен облик кој понатаму се вклучува во биосинтезата на аминокиселините, така што не доаѓа до губење на азотот од земјата во воздухот. Во сите останати случаи со синтетичко додавање на азот (минерално ѓубриво, уреа) доаѓа до дисимилациона денитрификација каде што денитрификаторите го одземаат кислородот од N03 обликот и азотот се губи односно преминува во воздухот.

Azospirilum brasilense и Azospirilum liptoferum се, исто така, слободни азотофиксатори.

Bacillus polumiksa дејствува на истиот принцип како bacillus subtillis.

Автор на текстот: Академик д-р Стеван Бошњак

Извор: ФФРМ

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …