05.07.2022
Почетна / Градина / Био храна што треба да се купува

Био храна што треба да се купува

Спанаќ

Спанаќот е одличен извор на протеини, витамини A, C, E и К, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар и манган. Спанаќот исто така е изложен на повисоки нивоа на пестициди. Според податоци тој содржи 57 видови на пестициди. Препорачливо е купување на био спанаќ или одгледувањето на домашен, што е предуслов за здрав квалитет.

Компири

Компирот е пожелно да биде био или купен директно од доверлив производител. Тие се добар извор на витамин Ц, витамин Б6, калиум, манган и влакна. При подготвување на компирот, без оглед на целта, треба да се има предвид дека витамините, кои се содржат во нив се водораствориви. За да се задржат што е можно повеќе, добро е да се вари во мало количество вода. Доволни се 15 минути печење, за да се одделат корисните хранливи материи од компирите во водата. Тогаш се одделуваат и пестицидите и затоа е пожелно да се консумира органски компир.

Праски

Праската е една од најпознатите вкусни, ароматични и освежувачки плодови. 80-90% од содржината на плодот е вода. Во неговиот состав влегуваат шеќери, витамин Ц и минерали како железо, фосфор, манган, бакар, цинк и селен. Поради способноста на праската да прима многу од пестицидите користени при нејзиното одгледување, препорачливо е плодот да се купува од био продавница.

Види

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња, пасифлората е токму за вас. Различна и убава …