Почетна / Градина / Вести / Био храна која треба да се купува

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии.

Специјалистите објаснуваат дека и покрај тоа дури и да не се био некои видови на овошје и зеленчук се исто толку корисни и здрави, колку и купените од био продавниците.

Сепак за други е пожелно да се земат од специјализираната био продавница.

Благи пиперки

Благите пиперки се редат помеѓу зеленчукот со највисоки вредности и богат извор на витамни С. Содржината на витамини е два пати повеќе од тоа во портокалите. Пиперките содржат исто витамин Б6, фитохимикали, калиум и големи количини на влакна.

Целер

Целерот е ниско калоричен зеленчук со богата содржина на витамини A, C и K, фолна киселина, калиум и манган. Еден букет целер содржи околу 10 калории. Без разлика дали купувате био целер или не, важно е да ја ограничите содржината на преостанатите пестициди, нечистотија и бактерии, како и темелно да ги миете стеблата на зеленчук под млаз вода, без да користите сапун.

Грозјето

Грозјето е богато со витамини Ц, А, К и В, минерали како бакар, железо, манган и други корисни состојки за вашето здравје. Плодот е извор на ресвератрол – антиоксиданс, за кој е утврдено дека има заштитна функција против рак на дебелото црево и на простата, коронарна болест на срцето, дегенеративни болести на нервниот систем, мозочен удар, габични и вирусни инфекции. Пожелно е да се избегнува консумирање на увозни сорти грозје, кои често имаат повисоки вредности на пестициди. За да не го ограничите грозјето од менито, нагласено е купување на органско.

Види

Во следниот период ќе се изберат нови 12 локации за окрупнување на земјоделското земјиште

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа информативна работилница, на која се …