Почетна / Градина / Лек / Билки против болка

Билки против болка

Природата е исклучително дарежлива кон човекот. Таа му дала незаменлива убавина и моќна лековита сила во лицето на различните пролетни растенија.

Камилица

Одлично средство, смирувачко на дигестивниот тракт и помага во варењето. Освен тоа помага и при уморен изглед и ќеси под очите, како и за посилна боја на русата коса.

Афион

Познат е по смирувачките својства, дејствува како благо приспивателно. Чајот од афион ја ублажува кашлицата.

Здравец

Здравецот и неговиот екстракт ја смирува чувствителната кожа, освен тоа има и прочистувачка акција. Лекарите го користат при рани за запирање на крварењето.

Лаванда

Со силното смирувачко дејство, лавандата се користи за смирување на главоболка и болки во мускулите.

Бела коприва

Помага при ревматски болки и при воспаление на уринарниот систем.

Рузмарин

Одличен зачин за јадењата, но исто така и неверојатна билка со силно антиинфламаторно дејство при проблеми со дигестивниот систем.

Роза

Тонизира и помага за зараснување на раните. Природно, розите се користат во козметичката индустрија.

Невен

Цветот помага при бришење на лузни и тонизира. Цветовите на невенот, натопени во оцет се користат како зачин, и го зголемуваат апетитот.

Види

Кои се забранетите билки во текот на бременоста

Природното лекување се користи од повеќе модерни жени и ги тера да се чувствуваат добро. …