Почетна / Градина / Билката која со мирисот ви дава подобра меморија

Билката која со мирисот ви дава подобра меморија

Испитите на универзитетите се се поблиску, а универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може да ја подобри меморијата. Според истражувањето, учениците и студентите кои работеле во простории со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија. Овие резултати се во согласност со тестови наменети за возрасни, рече Марк Мос од Универзитетот во Нортамбрија, наведува Би Би Си.

Мос изјавил дека истражувањето само ги потврдило претходните уверувања дека рузмаринот влијае на меморијата. Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добра меморија, пишува Би Би Си, додавајќи дека учениците во античка Грција носеле венци од рузмарин на испитите. Истражувањето беше претставено на годишната конференција на Британското психолошко општество.

Види

Идеи за мини градини во стаклени шишиња

Преубави идеи со мини градини во стаклени шишиња