29.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Бик усмртил 82-годишен човек: сакал да си го продаде бикот на сточниот пазар во Гостивар
Фото: МИА

Бик усмртил 82-годишен човек: сакал да си го продаде бикот на сточниот пазар во Гостивар

Повозрасен жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.

Повозрасен жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.

Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен.

Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош.

Набргу тој им подлегнал на повредите. Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството. згм/хс/
Гостивар, 7 јули 2022 (МИА)

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …