Почетна / Градина / Вести / Бело или кафено јајце? Која е разликата

Бело или кафено јајце? Која е разликата

Се прашувавте веројатно пред да ги бојадисате јајцата… Можеби пресудно беше тоа дека на кафените јајца бојата подобро се фаќа? Но сепак кога одбирате сте се запрашале која е разликата меѓу јајцата?

Освен во бојата разлика во однос на квалитетот НЕМА! И белите и кафените јајца носат со себе иста хранлива вредност 70 калории 6 грама протеини и многу витамин Б.

Па тогаш како е можно да има разлика во цената? Е тоа зависи од производителот и од тоа со што храна ги храни кокошките и каква технологија применува при чување и одгледување на кокошките.
Во суштина белите јајца ги носат бели кокошки кои јадат помалку а кафените јајца ги носат кокошки кои може да бидат со разни бои и тие најчесто се поголеми и јадат повеќе.

Но сепак на Македонскиот пазар повеќе одбираат кафени јајца –им изгледаат поприродно за разлика од белите за кои сметаат дека се вештачки добиени бидејќи се совршено бели.

Види

За квалитетен род, навреме заштитете го расадот

Заштита на младиот расад од болести и штетници се врши секогаш превентивно. Заштита во расадопроизводството …