Почетна / Градина / Лек / Бела врба (Salix alba L.)

Бела врба (Salix alba L.)

Белата врба (Salix alba L.) или сребролистната врба расте покрај реки и мочуришта, како и низ целата земја до 1700 метри надморска височина.

Корисен дел е кората, а во својот хемиски состав содржи гликозиди салицин кој во организмот се разградува до салицилна киселина. Се содржат уште и танини, оксалати, флавоноиди и др.

Ја намалува телесната температура, дејствува како аналгетик и противовирусно, ја намалува содржината на уричната киселина, го олеснува лачењето на сокот на жолчката.

Екстракти од кората дејствуваат против потење на нозете, кај некои кожни заболувања, при воспаление на непцата и грлото, при ангина.

Околу 1 лажичка ситно исечкана врбова кора се поспуваат со 2 чаши зовриена вода и така стојат најмалку 10 минути. Се прецедува во газа и се пие по 1 чашка неколку пати на ден.

{youtube}IRuhWYLfG5A|590||0{/youtube}

Види

Со овој пијалок ќе ги исфрлите сите отрови и стресот од телото без употреба на лекови

Добиената смеса од лук и вино може да спречи многу болести, ја прочистува крвта, го …