14.12.2024
Почетна / Градина / Лек / Бедреница (Pimpinella saxifraga L.)

Бедреница (Pimpinella saxifraga L.)

Бедреницатa уште се нарекува див анасон, горски анасон. Расте по суви запустени места, во шумски подрачја речиси насекаде.

Од ова растение се користат корените. Во својот хемиски состав содржи етерично масло, богато е со лактони, сапонини, танини, шеќер, смола, гума. Дејствува против воспаленија и против болки.

Делува при остри и хронични воспалителни процеси на дихателните органи: фарингити, ларингити, бронхити, трахеити, бронхиална астма, при воспаление и болки во стомакот и цревата, делува против камења во бубрезите, при воспаление на очната лигавица и др.

Околу 2 супени лажички од билката се запаруваат со 400 мл врела вода. Потоа оставете ја да престои 1 час, прецедете ја и пијте по 1 кафена чашка 3 пати на ден пред јадење.

Види

Зошто секогаш треба дома да имаме мајчина душичка

Со доаѓањето на есента доаѓаат променливото време и есенските болки. Најчести се настинки, есенскО течење …