06.07.2022
Почетна / Совети / Бамбус – eфективно и брзо решение за вашата градина

Бамбус – eфективно и брзо решение за вашата градина

Совети од Градинарски центар Фоја:

Растенија кои би можеле да ги посадите во вашата градина, да добиете одлични резултати, а да не вложите многу труд?

Бамбуси!

Растенија кои не бараат многу грижа, можат да опстојуваат и на места каде што нема многу светлина, а сепак да изгледаат впечатливо и егзотично. Брзорастечки, повеќегодишни, зимзелени растенија, со кои можете да направите интересни живи огради, а можете и да ги одгледуваате во саксија. Комптакти и густи, што пак нуди можности за обликување според потребата.

Бамбусите се едни од најпосакуваните растенија за вашата градина, a воедно и претставуваат симбол за долговечност и издржливост.

Bambusa Phyllostachys aureosulcata ‘ Spectabilis’

Спектакуларен и прилично редок вид, кој е прилагодлив на различни услови, заради тоа што може да се одгледува на скоро сите позиции и климатски услови. Па, со тоа ви нуди можност да направите интересен дел во вашата градина, што би потсетувал на тропска градина, или егзотична жива одграда, а истото може да го направите и на сенковити и на сончеви позиции.

Специфично за овој вид  се жолтите стебленца, кои се прошарани со зелени шари и истото го прави многу декоративен. Прави одлични живи огради, заради брзиот раст. А исто така може да се одгледува и во саксии, украсни корита, жардињери.

Вообичаено расте 8-9 м , но може и да достигне поголема висина.

Расте инвазивно и се разгранува и исто така одлично поднесува кроење, па може да се обликува.

Овој вид, за разлика од другите видови бамбуси е многу отпорен на зимата и ниските температури, а воедно и не бара многу внимание за одгледување.

Освен што е многу декоративен вид и со него може да направите интересни комбинации, прави и прозрачна сенка, па би имал и употребна вредност.

Бамбусите се  едни од најпосакуваните растенија за одгледување, заради виталноста, едноставното одржување и декоративноста, па можат да го најдат своето место во сечија градина.

Bambusa Nana

Егзотично и многу декоративно растение. Компактен вид, со мали сјајни зелени листови кои растат во изобилие.

Совршен за секоја градина поради нискиот раст до 80цм, што пак нуди многу можности.

Прави интересни бордури, може да се одгледува во украсни саксии, жардињери. Одлично се вклопува со други растенија, и при комбинации изгледа многу интересно, заради својот невообичаен и уникатен изглед.

Од овој вид постојат неколку вариетети, кои се разликуваат според листовите, односно некои видови се одликуваат со зелена лисна маса, која е прошарана со бели линии.

Расте грмушесто и природниот раст е исто многу декоративен, но и одлично поднесува кроење, па нуди можност и за обликување.

Доколку сакате да дознаете повеќе или пак сакате да набавите Бамбус, обратете се во градинарскиот центар ФОЈА

Види

Како успешно да пресадите растенија

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …